Поранешниот директор на Централниот регистар приведен на барање на финансиската полиција

Андреа Поповски, поранешниот в.д. директор на Централниот регистар попладнево бил приведен од полицијата. Се чека на одлуката на обвинителството за понатамошната постапка против овие лица. Неофицијално, приведувањето било поради сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Поповски се товари дека вработувал партиски кадри. Осомничени се уште 4 лица.

Нема официјални информации за причината на приведувањето на барање на Финансиската полиција.

Андреа Поповски е назначен за в.д. директор на Централниот регистар на Македонија во 2014 година. Според тогашната информација на Централниот регистар, откако директорот Ванчо Костадиновски беше поставен за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, сѐ додека не биде поставен нов директор, вршител на должноста ќе биде Андреа Поповски кој претходно работеше во Централниот регистар.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе