Во Гевгелија

Поранешен зет ѝ се заканувал на бабата и нејзините ќерки

69-годишна гевгеличанка пријавила во полиција дека нејзиниот поранешен зет, кој е српски државјанин, се заканувал дека ќе ја убие нејзе и нејзините две ќерки. Како што соопштија од полицијата 46-годишниот С.К. бил во алкохолизирана состојба кога го предизвикал инцидентот.

„Вчера во 12,15.00 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.П. (69) пријавила дека нејзиниот поранешен зет С.К. (46), српски државјанин, откако се довел во алкохолизирана состојба упатил закани по живот кон неа и кон нејзините две ќерки при што во еден момент се обидел физички да ја нападне една од нејзините ќерки.

Од страна на полициски службеници во координација со дежурен ЈО, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, С.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе