Поранешен управител на фирма во стечај го присвоил службениот автомобил

Битолската полиција поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ. (55) од Битола, поранешен управител на „Бали Трејд" ДООЕЛ Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.

Според полицијата во периодот од 25 април 2016 година до април 2017 година, пријавениот противправно присвоил автомобил фолксфаген пасат 2.0 ТДИ“, сопственост на фирмата, односно истиот не го ставил на располагање во стечајната маса во стечаен предмет што се води во Основниот Суд Битола и не го предал на стечајниот управник.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе