МВР

Поранешен градоначалник на Демир Капија осомничен за злоупотреба на службена положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Т.Д. (60) од Демир Капија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Во периодот од 2011 година до септември 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Демир Капија, им овозможил на вработените И.В. (43) и Р.Д. (47), двајцата од Скопје, да примаат месечен надоместок, и покрај тоа што повремено доаѓале на работа.

Со ова пријавениот им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од 3.073.859 денари на штета на Буџетот на општина Демир Капија, соопшти МВР.

МИА

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе