Поради запален мебел пред контејнери ќе изгореше зграда во Тетово

Тетовските пожарникари попладнево пред 18 часот интервенираа на пожар што избувнал на оставен мебел пред контејнер, при што огнот го зафатил и ѕидот од зградата на улицата „Страшо Пинџур" кај трговскиот комплекс „Ловец".

Од Тетовската територијалан противпожарна единица информираа дека тројца пожарникари со едно возило успеле да го ликвидираат пожарот.

„Имаше оставен кревет и елементи од кујна и друг вид мебел. Пред 18 часот некаде се појави пожар, најверојатно намерно ги запалија остатоците од мебелот. Во еден момент огнот беше толку силен што го зафати и контејнерот и ѕидот од зградата. Можеше да биде уште поопасен пожар, насекаде тука има кабли и инсталациии. Среќа интервенираа пожарникарите на времено,“ информираа станарите од зградата на улицата „Страшо Пинџур".

За пожарот била повикана и полицијата за да изврши увид на самото место.

 

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе