Сообраќајна контрола

Половина од казните напишани за брзо возење во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77, девет санкции за возење без возачка дозвола, две за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за користење мобилен телефон, две за непрописно престројување, три санкции за нерегистрирани возила, две за минување на црвено светло и 31 мерка за непрописно паркирани возила.

Министерството за внатрешни работи предупредува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе