На патот Богданци-Гевгелија

Полициско возило излетало од патот, повредени тројца војници

Тројца припадници на Армијата се полесно повредени во сообраќајка кога полициското возило со кое биле превезувани излетало од патот.

„Синоќа во 20.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, поточно на место викано Лгот, патничко возило ‘рекстон‘, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот. Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор ‘Богородица‘. Во незгодата со полесни повреди се здобиле тројца припадници од Армијата, по што биле пренесени во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување на лекарска помош“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе