Сообраќајна контрола

Полицискиот радар „фати“ 135 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина

Сообраќајната полиција вчера во Скопје казни 256 учесници во сообраќајот, најмногу за пречекорување на дозволената брзина на возење - 40 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, 19 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на црвено светло, седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, 68 за непрописно паркирање. Во целата држава за брзо возење биле казнети 135 возачи.

На територијата на Македонија полицијата со радар утврди дека 135 возачи возеле пребрзо, од нив осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе