„Од вкупно санкционираните 842 возачи, 57 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 443 надвор од населено место“, соопшти МВР.
Вчера, како што веќе објави МКД.мк,беше соопштено за близу 500 санкции за брзо возење регистрирани со радарски контроли во повеќе региони, а МВР со медиумите сподели и фотографија од екран на радар, на кој се гледа возач регистриран како вози со 206 километри на час.