Полициски радар на секој чекор, вчера казнети 842 возачи

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на повеќе патишта и градски улици низ Македонија постави радарска контрола. За брзо возење се казнети вкупно 842 возачи, некои од нив возеле и со брзина од над 70 километри на час повеќе од дозволата, односно и со брзина од над 200 километри на час.. 

„Од вкупно санкционираните 842 возачи, 57 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 443 надвор од населено место“, соопшти МВР.

Вчера, како што веќе објави МКД.мк,беше соопштено за близу 500 санкции за брзо возење регистрирани со радарски контроли во повеќе региони, а МВР со медиумите сподели и фотографија од екран на радар, на кој се гледа возач регистриран како вози со 206 километри на час.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе