Полициски радар фати возило кое ита со 227 км на час

МВР со медиумите сподели две фотографи од полициски радар во моментитите кога регистрира автомобил кој се движи со 227 километри на час, а малку пред тоа е „фатено“ возило кое се движи со 201 километар на час. За време на вчерашните радарски контроли на патиштата и улиците низ Македонија за брзо возење се казнети 232 возачи.

Од вјкупно казнетите 232 возачи, 11 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 141 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта“, порачуваат од МВР.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе