Полициски претреси во Сарај и Глумово, приведени двајца наркодилери

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе  кривични пријави против Р.П.(38) од с.Сарај-скопско и Б.С.(37) од с.Глумово-скопско поради постоење основи на сомнение дека сториле кривичното дело  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

„Вчера во 07,00 часот, по претходно добиена судска наредба, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија извршиле претрес во домот на Б.С.(37) при што бил пронајден кокаин. Истиот ден во 07,30 часот при извршен претрес со судска наредба во домот на Р.П.(38) била пронајдена и одземена марихуана и семки од марихуана. Двете лица биле лишени од слобода и од Судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор“, информираат од МВР.

 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе