Акциска контрола во златарници, одземени над 10 килограми злато поради незаконско работење

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе правни лица на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит.

При контролата беа одземени повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) односно констатирано е непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.

При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени 7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беа констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе