Полициска контрола во кафеана во Горно Седларце, приведени седум странски државјанки

Полицијата ноќеска приведе странски државјанки кои во текот на ноќта биле затекнати во угостителски објект во село Горно Седларце, покрај автопатот Тетово-Гостивар.

МВРинформира дека ноќеска во периодот од 00.00 до 03.00 часот полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце покрај автопатот Тетово-Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати 10 жени, од кои три биле од Македонија, шест од Албанија и едно од Косово. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе