Полициска акција во Чаир, запленети автомобили, мотори и црни маски

Денеска полициски службеници од СВР Скопје, по претходна судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории кај Б.З.(29) од Скопје, на подрачјето на Чаир.

При претресот во непосредна близина на куќата пронајдени биле патничко моторно возило џип “мерцедес мл“ без регистарски ознаки, патничко моторно возило “фиат пунто“ со косовски национални ознаки, патничко моторно возило “мерцедес е270“ со скопски регистарски ознаки, мотор “сф мото р 250“ и скутер “априлија“ и двата без регистарски ознаки. Во близина на возилата во кеса биле пронајдени осум црни маски.

За сите предмети постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела и биле предадени на ЕВР Чаир за понатамошно постапување. Б.З. е во домашен притвор, а лишен од слобода бил А.Б.(27) од Скопје, кој бил затекнат со него.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе