Полицијата заплени хероин, приведени две лица кај Сопот

На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај село Сопот, вчера во попладневните часови, полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода А.К.(44) од Прилеп, кој управувал патничко возило „опела зафира", во кое сопатник бил А.Т.(30) од Прилеп. При извршен преглед е пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин.

Како што денеска соопштија од МВР, лицата се приведени во полициска станица и по насока на јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе