Полицијата заплени 36 килограми марихуана и приведе две лица

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против А.И. (59) и З.М. (52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".

Како што соопшти МВР, А.И. и З.М. од Косово набавиле марихуана заради натамошен транспорт до Р. Турција, со цел стекнување противправна имотна корист. На 04.11.2020 тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во Северна Македонија, а товарното возило во кое била марихуаната по насоки на А.И. било паркирано на договорена локација во Скопје. На 09.11.2020 З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопатот Скопје – Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Полициски службеници извршиле преглед на товарното моторно возило и во него пронашле марихуана. Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и е утврдено дека е со вкупна нето тежина од 36 килограми.

Лицата се лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, при што им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе