Пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата заплени 200 килограми марихуана вредна околу 600.000 илјади евра, приведени се 6 лица (ФОТО+ВИДЕО)

Запленети 200 килограми марихуана вредна околу 600 илјади евра и приведени шест лица, македонски и косовски државјани е епилогот на вчерашната полициска акција во Скопје во која е пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Косово во Македонија.

 

Како што соопшти портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од Скопје при што биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана. Истовремено, при контрола на патничко возило „БМВ туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(30) од Скопје биле пронајдени црни вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.

Во близина на бензинска пумпа биле сопрени две патнички возила, и тоа „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.А.(36) од Скопје, во кое сопатник бил  косовскиот државјанин Џ.Љ., како и патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(33) од Скопје, каде како совозач бил Б.Р.(24) од Скопје, кои биле ангажирани за да го обезбедуваат транспортот на дрогата.

Во консултација со Јавен обвинител, по добиена наредба од страна на судија на претходна постапка на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во домот на Б.Р., при што биле пронајдени торба со 29 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, фантомка, дигитална вага и  11 куршуми, додека при извршен претрес во домот на Е.А. пронајдени се еден сигнален пиштол марка „Екол“ 9мм со празна рамка, како и еден пиштол „Црвена застава“ 9 мм со една рамка со 10 куршуми за него, додека во куќниот двор било пронајдено патничко возило „БМВ“ донесено од Косово без соодветна документација, при што од страна на Царинската управа е одземено за понатамошна проверка.

Како што информира МВР, денеска до надлежното Јавно обвинителство против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе