Полицијата во Скопје напиша 187 казни за сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи вчера, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Скопје изрече вкупно 187 мерки, меѓу кои 13 за возење повеќе од дозволената брзина, 13 за возење без возачка дозвола, а шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Исто така, изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 17 за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непочитување на првенство на минување и 46 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе