Полицијата во Скопје напиша 182 казни, од нив 46 се за брзо возење

Вкупно 182 мерки изрече полицијата во Скопје во рамките на ззасилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Од нив 46 се за возење над дозволената брзина, 20 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.  

Исто така, изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, пет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 62 за непрописно паркирање. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми  безбедноста во сообраќајот. 

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе