Полицијата во Скопје казни 15 возачи кои биле алкохолизирани

За време на сообраќајните контроли во Скопје вчера полицијата изрече 175 прекршочни казни од кои 53 за брзо возење, а со дрегер - уред се регистрирани 15 возачи кои зад воланот седнале во алкохолизирана состојба.

МВР соопшти дека се казнети 12 лица кои возеле без возачка дозвола, изречени се и девет санкции за нерегистрирани возила, казнети се четири возачи - почетници, тројца возачи поминале на црвено светло, а казни им се напишани и на 14 мотоциклисти.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат со цел да се зголеми дисциплината во сообраќајот и да се зголеми безбедноста, велат од МВР.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе