Полицијата влегуваше во угостителски објекти, уапси 12 лица кој кои најде дрога

За време на полициската контрола приведени се 12 лица кај кои е најдена марихуана, прашкаста материја и кокаин, соопшти МВР.

„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје изврши контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје. Притоа, од слобода се лишени 12 лица, од кои 11 од Скопје и едно од Охрид, бидејќи кај нив е пронајдена дрога.

Од нив, кај седум лица е пронајдена марихуана, кај четворица бела прашкаста материја, а кај едно и марихуана и кокаин. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на МВР.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе