Полицијата сѐ уште го бара момчето кое исчезна во Вардар

Полициски екипи изутрината ја започнаа потрагата по маж кој вчера попладне исчезна во водите на Вардар во близина на гостиварското село Балиндол.

Припадници на полицијата и пожарникари до доцна синоќа го пребаруваа коритото во обид да го лоцираат човекот на кого претходно неколкумина граѓани се обиделе да му помогнат и да го извлечат од реката.

Гостиварец вчера пријавил во полиција дека околу 16 часот во близина на селото Мало Турчане забележал тело на момче кое го носела водата. Тој се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид по што била повикана полицијата и пожарникари.

Засега е непознат идентитетот на мажот, а потрагата е интезивирана.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе