МВР информира

Полицијата синоќа имала работа кај Танушевци, приведени три лица

Полицијата запрела камион на локалниот пат кон селото Танушевци, а полицајците биле попречувани при претресот на камионот. Подоцна, брат на еден од двете приведенилица кај Танушевци, со камион  на патот кон Визбегово, не застанал на наредба од полициска контрол, туку влегол во магацин. И при овој претрес било утвдено криумчаерење на разни видови стока без декларација.

Синоќа во 20.20 часот од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север биле лишени од слобода М.А.(33) и Е.А.(45), двајцата од селото Танушевци, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење" по чл.278 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

„На локалниот пат од селото Бродец кон селото Танушевци кај месноста викана Чешма, кон Рамно при контрола на товарно возило 'дајмлер', со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., била пронајдена поголема количина разновидна роба за широка потрошувачка, без соодветна документација за нејзиното потекло. При преземање на службените дејства полициските службеници биле попречувани од Е.А.. Во врска со случајот, околу полноќ, од полициски службеници во реонот на Визбегово било забележано товарно возило 'мерцедес', со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.А. од Скопје, брат на Е.А., кое не сопрело на даден знак за запирање, туку ја зголемило брзината и се упатило кон магацински простор. По обезбедена наредба од Судија за претходна постапка, извршен бил преглед над возилото, при што било констатирано дека во него има поголема количина на производи без декларација. Во координација со Јавен обвинител, лицата биле приведени во полициска станица, а возилата се обезбедени за понатамошна постапка и по комплетно документирање на материјалот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се вели во соопштението на МВР.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе