Полицијата пукала за да запре арачиновец кој бегал со „голф“

Вчера во 18.30 часот на мост кон улица Лука Геров во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Х.(20) од село Арачиново, скопско, и В.М.(18) од село Чајлане, скопско.

Двајцата биле уапсени бидејќи претходно на булавар Ѓорче Петров при обид од полициските службеници за сопирање на автомобилот „голф“, што го управувал Ф.Х., во кој сопатничка била В.М., истото не застанало. При апсењето полицајците со предупредувачки истрел во воздух го сопреле возилото.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе