Полицијата пронајде 45 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш

Во два одвоени случаи полицијата вчера пронашла 45 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.

Полициски службеници вчера во 18:40 часот, кон патниот премин „Табановце“ после бензинската пумпа на автопатот, кај мостот, забележале комбе „Ивеко" со струмички регистарски ознаки управувано од И.Н.(35) од Гевгелија. При преглед на возилото, како што е наведено во полицискиот билтен, биле пронајдени 21 мигрант, сите од Бангладеш. Возачот бил приведен и заедно со мигрантите однесен во СВР-Куманово за натамошна постапка.

На автопатот помеѓу двата тунела од Гевгелија кон Демир Капија, синоќа во 20:00 часот, полициски службеници запреле товарно моторно возило „Фиат Дукато" со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (37) од Велес. Полицајците го привеле возачот, а во непосредна близина на возилото биле пронајдени 24 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш. 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе