Полицијата продолжи да казнува за ноќните трки со мотори во Скопје

И вчера скопската полиција продолжи со засилените сообраќајни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки со мотори. Од 19 до 1 часот по полноќ вчера беа преземени 23 прекршочни мерки (управување на мотор со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци). Едно лице кое управувало мотор без возачка дозвола е приведено во полициска станица Кисела Вода поради сомневање за сторен царински прекршок.

МВР веќе информираше дека и во текот на претходната акција (8 и 9 мај) беа регистрирани 15 прекршоци.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжува со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, „Христијан Тодоровски Карпош",  "Цветан Димов",  "Митрополит Теодосиј Гологанов" и булеварите "Јане Сандански",  ''Партизански одреди" и "Србија". 

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе