Полицијата приведе три лица за издржување затворски казни

Во три одвоени акции во Скопје, Гостивар и Тетово полицијата лишила од слобода три лица за издржување на затворски казни до шест години, информираат од МВР.

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 16:25 часот во село Аџиевци ја привеле 36-годишната З. Р., која се барала со потерница за доиздржување на казна затвор во траење од една година во КПУ Затвор Идризово Скопје, осудена по член 256 во врска чл. 141 од К.З.

Врз основа на судска наредба од Основен суд-Тетово од полициски службеници од Полициско одделение Теарце денеска во 6:00 часот бил лишен од слобода 28-годишниот Е.Б. од село Слатино за издржување на казна затвор во траење од шест години во КПУ-Затвор Идризово во врска со чл.237 ст.1 од КЗ.

Како што информираат од МВР, денеска во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје по судска наредба го лишиле од слобода 19-годишниот А.А. од Скопје за издржување на казна во КПУ Затвор Охрид.

 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе