Полицијата приведе крадец и ги врати украдените предмети на сопственикот

Вчера во СВР Скопје бил приведен во полициска станица В.А.(38) од Скопје, поради сомнение дека истиот ден извршил кривично дело „тешка кражба" од патничко возило на ул.„Христо Татарчев", соопшти Министерството за внатрешни работи.

По преземени мерки и активности и извршен разговор, како што се посочува, В.А. го појаснил стореното кривично дело и кај него се пронајдени украдените предмети, по што се вратени на сопственикот.

По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба" од патничко возило, предвидено и казниво по член 236 од Кривичниот законик, стои во соопштението.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе