Полициски службеници по добиените оперативни сознанија денеска ги привеле М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје.
„Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат село Чифлик – село Рженичино кај место викано Кисела Вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет, а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво“, се вели во соопштението од МВР.
По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.