Поради непочитување на здравствените мерки

Полицијата прекина семејна веселба во кафеана во Тетово

Семејна веселба во угостителски објект, на која биле присутни 40 лица прекина вчера полицијата во Тетово, а сопственикот на локалот е приведен.

Како што соопшти МВР, вчера во 18.30 часот полициски службеници од СВР Тетово заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, каде било утврдено дека во објектот имало организирано семејна веселба и имало присутни околу 40 лица.

Лишен од слобода е И.Б.(38) од Тетово, управител на објектот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија" по член 206 од Кривичниот законик.

По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе