По две и пол години од настанот

Полицијата поднесе кривични пријави за убиството на Дилавер Бојку - Леку

По две и пол години од настанот поднесени се кривични пријави за убиството на Дилавер Бојку - Леку. Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство" и „убиство во обид", Оделението за внатрешни работи Струга, поднесе кривична пријава против К.Л. (33) од струшкото село Ливада како и против Е.О.(39), од истото село, за сторено казнено дело „помагање".

На 14 август 2017 година, првопријавениот К.Л. на летна тераса од угостителски објект во Струга со револвер го лишил од живот 58 – годишниот Дилавер Бојку – Леку од струшкото село Велешта, а потоа пукал и кон А.Б.(41) од Струга и Б.С.(28) од селото Велешта.

Второпријавениот Е.О. со патничко возило „мерцедес" со швајцарски регистарски ознаки, по претходен договор со сторителот, го однел до угостителскиот објект, соопшти полицијата.

Од СВР Охрид засега не откриваат дали осомничените за убиството се достапни на органите на истрагата.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе