Сообраќајна контрола

Полицијата пишува казни - без возачка дозвола возеле 21 лице

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција им напиша казни на 21 лице кои немале возачка дозвола. Вкупно се казнети 162 лица, најмногу за брзо возење.

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 21 мерка за возење без возачка дозвола, три мерки за минување на возила на црвено светло, четири за некористење сигурносен појас, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, три за возење под дејство на алкохол, 41 мерка за непрописно паркирање, 15 за непрописно престигнување и обиколување, шест за нерегистрирани возила.

 МВР предупредува дека сообраќајната полиција продолжува со засилените мерки и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе