На 26 февруари околу 20 часот при вршење мотопатролна дејност на автопатот А1, од клучка Миладиновци кон Куманово, од страна на полициски службеници бил даден знак да застане на патничко моторно возило „ауди а8" со скопски регистарски ознаки, но возачот не го запрел возилото туку се дало во бегство кон Куманово. Потоа возачот го оставил возилото кај мостот на влез за село Романовце и се дал во бегство. При извршениот преглед на возилото пронајдени биле 10 илегални мигранти од Пакистан, соопшти МВР.
Полицијата откри возило со мигранти, возачот побегнал

Црна хроника
Објавено на
27 Февруари 2022 - 17:13