Сообраќајна контрола

Полицијата откри 34 пијани возачи на улиците на Скопје и 13 лица без возачка дозвола

За време на сообраќајните контроли во текот на вчерашниот ден спроведени на територија на Град Скопје изречени се вкупно 188 казни. Најголем број од прекршочните санкции се изречени за возење повеќе од дозволената брзина, но голем број од контролираните возачи биле под дејство на алкохол, а имало и лица кои возеле без возачка дозвола.

На територија на Град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, велат од МВР.

Во информацијата се нагласува дека се изречени 34 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола, но и пет казни за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на црвено светло и 40 за непрописно паркирање...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе