Пресечен канал за шверц кон Македонија

Полицијата од Подградец спречи транспорт на дрога преку Езерото

Полицијата од албанскиот град Поградец спречи шверц на марихуана од Албанија во Македонија преку Охридско Езеро. Упасени се две лица за кои смета полицијата дека шверц на дрога извршиле повеќепати. Албанското Министерство за внатрешни работи информира дека во соработка со македонската полиција се расветлува случајот со транспорт на кокаин, кога во петокот на пристаништето во Драч во камион управуван од македонскиот државјанин Назиф Ајроски (40) запленети биле вкупно 324 килограми и 400 грама кокаин.

Полицијата од Подградец, град на брегот на Охридското Езеро информира дека е запленета дрога во помала колична и дека е упасен Адриан Папајани (35) од селото Худениш, додека се трага по неговиот брат Фатјон Папајани (29).

„Истражните дејства покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Северна Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха", две електронски ваги“, соопшти полицијата.

Во соопштението на албанското Министерство за внатрешни работи се додава дека во соработка со македонската полиција се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.

Полициите на двете земји се вклучени и во расветлувањето на случајот со запленетиот кокаин во Драч.

Според последните информации од полицијата, во камионот со кој управувал македонскиот државјанин Назиф Ајроски (40) запленети биле вкупно 324 килограми и 400 грама кокаин, кој бил во кутии со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор а бил скриен внатре во шасијата на камионот.

Дрогата била откриена со скенер на втората линија на контролата пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе