Полицијата ноќеска казни 38 пијани возачи во Скопје

Полицијата ноќеска кај 38 возачи на територија на град Скопје утврдила присуство на алкохол во крвта, а тројца одбиле проверка. Сите возачи полицијата ги исклучила од сообраќај и им ги одзела возачките дозволи.

„Од полноќ до 5 часот утрово Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 38 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 41 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи“, информираат од МВР.  

Полицијата открила и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.  

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе