Полицијата најде марихуана кај малолетници од Скопје

Полицијата во два одделни случаи пронајде марихуана кај малолетници. По документирање на овие случаи, против малолетните како што соопштуваат од МВР ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Првиот настан бил регистриран на 21 април во 15 часот кога полицајци на булеварот АСНОМ привеле двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, откако кај нив била пронајдена марихуана.

Вториот случај е регистриран во 16:10 часот, за време на ограничено движење, кога на подрачјето на Бит-пазар бил приведен 17-годишен малолетник од Скопје.

При извршен преглед кај него полицијата пронашла марихуана.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе