Пресретнати се на различни локации во главниот град

Полицијата најде марихуана кај четири момчиња од Скопје, сите се приведени

Полицијата приведе четири лица од Скопје кај кои е пронајдена марихуана. Според МВР, се работи за К.Б.(26), А.И.(23), Е.Г.(20) и С.Т.(19). При контролата, сите се пресретнати на различни локации во градот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Скопје на 29 август во 00:40 часот го привеле К.Б. на кејот „Димитар Влахов" зашто при извршениот преглед кај него пронашле пакувања со прашкаста материја и екстази, додека А.И. е приведен истиот ден, но во 13.30 часот на улицата „Босна и Херцеговина" зашто поседувал марихуана.

На 29 август се приведени и Е.Г., како и С.Т., едниот во 17.55 часот на улицата „Февруарски поход", а другиот во 22.40 часот на улицата „Лихнида". Кај двајцата е пронајдена марихуана.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе