(Не)дисциплина на патиштата

Полицијата казнуваше за непрописно престигнување возила

Сообраќајната полиција вчера казни 193 возачи поради непрописно престигнување други возила. Најмногу работа полицијата имала на територијата на општината  Тетово.

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат, при што санкционирани се 193 возачи, информира Министерстото за внатрешни работи.

Во соопштението како најкарактеристични се издвоени контролите на територијата на Тетово и Охрид каде се казнети 116 возачи, од нив само во тетовскиот регион санкционирани се 72 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе