Полицијата казнува за непропуштање на пешаци

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје се изречени вкупно 330 мерки.

Фото: Пиксабеј

Како што информира МВР, меѓу санкциите 140 се за недавање предност на пешаци, 41 за возење со брзина поголема од дозволената, 15 за возење без возачка дозвола и 15 за управување на технички неисправни возила.

Изречени се четири мерки за возач почетник, седум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, се додава во соопштението.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе