Сообраќајна контрола во Скопје

Полицијата казни 45 возачи на мотори

Во текот на вчерашниот ден полицијата во Скопје парично казни 45 возачи на мотоцикли за различни прекршоци. Десет возачи се казнети за зборување на мобилен телефон, 12 немале возачка дозвола, а осум возачи упреавувале нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека  во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените контроли, сообраќајната полиција казни вкупно 148 учесници во сообраќајот. Изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за недозволена  брзина 25 возачи, 12 лица немале возачка дозвола, 45 прекршочни казни им се изречени на возачи на мотоцикли.

Изречени се и 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за нерегистрирани возила, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе