Од казнетите возачи, осум возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 122 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.
Засилените радарски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.