Полицијата казни 154 скопјани поради брзо возење

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, информираа од МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила...

Од МВР велат дека ќе продолжат со сообраќајните контроли. Од таму апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот за заеднички придонес за посигурни патишта.

 

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе