За време на сообраќајните котроли

Полицијата казни 14 возачи затоа што зборувале на мобилен телефон

За време на сообраќајните контроли во Скопје, запрени биле 14 возачи кои полицијата ги забележала дека разговараат на телефон, а казнети се и 20 лица кои во возилата не носеле маски како заштита од коронавирусот иако не биле со иста адреса на живеење. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, за време на сообраќајните контроли на територијата на Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон.

Изречени се 19 санкции за непочитување на брзината на движење, четири за минување на затворен семафор (црвено светло), 69 мерки за непрописно паркирани возила и 20 за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, уверув полицијата и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе