МВР

Полицијата кај неколку лица пронајде марихуана

Во полицискиот билтен денеска МВР наведува неколку случаи на приведување на лица кај кои е пронајдена марихуана. Три од нив се во Скопје, а еден случај е кога во возило на патот Охрид-Кичево кај едно лице била пронајдена марихуана.

Единицата за интервентна полиција СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода А.Н.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Приближно половина час по полноќ вчера исто така во Карпош бил приведен Д.Д.(25) од Неготино кај кого била пронајдена марихуана.

Од министерството информираат дека вчера малку по полноќ полициски службеници во Кисела Вода го лишиле од слобода Ј.П.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

По документирање на овие три одвоени случаи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против овие лица, велат од МВР.

Во петокот час и половина пред полноќ на магистралниот пат Кичево-Охрид, од полициски службеници од ОВР-Кичево бил лишен од слобода Д.П.(23) од Кичево кој бил во патничко моторно возило „киа пиканто" со охридски регистарски ознаки, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе