Полицијата изрече 170 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

При контролата санкционирани се 170 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 99 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

Од МВР велат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе