Во Романовце

Полицијата им најде 15 килограми марихуана во две торби

Во една куќа во селото Романовце полицијата изврши претрес и во две торби најде 15 килограми марихуана. Приведени се три лица.

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за специјални операции ги лишија од слобода А.С.(28) од с.Романовце, кумановско, Д.Ц.(30) и Д.И.(29), двајцата од Куманово, поради постоeње основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволена трговија со дрога.

МВР информира дека при претрес во домот како  и во други простории на А.С. во с.Романовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени две торби со три големи полиетиленски пакувања, во кои има околу 15 килограми марихуана.

На лице место биле затекнати Д.Ц. и Д.И. и по издадена судска наредба, извршени се претреси и во нивните домови. Од страна на СВР Куманово до ОЈО Куманово денеска ќе биде поднесена кривична пријава против две лица, поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе