Полицијата и JO го расчистуваат случајот со украдениот мртовец

Oд СВР Струмица попладнево преку кусо соопштение информираа дека денес во 9:30 часот е добиена пријава од Општа болница Струмица.

„Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението.

Инаку, претпладне околу 9 часот часот група струмичани украдоа мртовец од Инфективното одделение на болницата.

Пациент на 49 годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. По дваесетина минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.

Директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, го осуди овој чин, бидејќи граѓаните кои го грабнале починатиот не им дозволиле на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а се однесувало насилно и кон медицинскиот персонал.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе