МВР

Полицијата го расветлува случајот со пукање на семејна веселба во Глумово

Пред куќата на И.С. каде имало семејна веселба полицијата пронајде чаури и од сопственикот на куќата зеде парафинска ракавица, како и пиштолот што го поседувал. Се работи на расчистување на случајот. МВР апелира да не се употребува оружје бидејќи предизвикува опасност, но и затоа што е тоа кривично дело.

Вчера во 15.23 часот полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по пријави дека во селото Глумово има пукање од огнено оружје, излегле на лице место при што биле пронајдени чаури од огнено оружје, пред домот на И.С.(51) каде што имало семејна веселба. Од И.С. се земени парафински ракавици и пиштол „глок", а чаурите се подигнати за вештачење. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МВР уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици. Потсетуваме дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност", за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе